• понеделник, 23 декември 2024

Излезеноста во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент

Излезеноста во Струга до 11 часот за претседател 7, а за парламентарни 9 отсто, во Вевчани 21 процент

Струга, 8 мај 2024 (МИА) - За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.

- Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.

Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања. сс/сст/

Фото МИА

Остани поврзан