• недела, 30 јуни 2024

Извлечена жрепката за Ролан Гарос

Извлечена жрепката за Ролан Гарос
Париз, 20 мај 2022 (МИА) - Во Париз вчера беше извлечена жрепката за претстојното Отворено првенство на Франција која за потенцијално четвртфинале би можела да го има дуелот помеѓу носителот Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Србинот турнирот ќе го започне против Јапонецот Јоши Нишиока, додека, шпанскиот ас ќе се соочи со Џордан Томпсон. Данил Медведев ќе почне со Беренкис, Стефанос Циципас со Лоренцо Мусети, а Александер Зверев и Карлос Алкатраз во првото коло ќе се сретнат со тенисери кои ќе ги поминат квалификациите. „Ролан Гарос“ ќе започне во недела и ќе трае до 5 јуни. Наградниот фонд на турнирот изнесува 43,6 милиони евра, а победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,2 милиони евра. Титулите од последното издание на турнирот ги бранат Ѓоковиќ и Барбора Крејчикова од Чешка. ар/са/    

Остани поврзан