• петок, 05 декември 2025

ИДФ тврди дека убила околу 40 борци на Хамас во тунелите под Рафа

ИДФ тврди дека убила околу 40 борци на Хамас во тунелите под Рафа

Ерусалим, 4 декември 2025 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) денеска соопшшти дека во тунелите под Рафа, јужниот дел на Појасот Газа, убила околу 40 борци припадници на Хамас.

Помеѓу убиените се и тројца локални команданти, како и синот на еден од протераните лидери на Хамас, Гази Хамад.

Хамас не ја потврди бројката на загинати борци, но истакна дека е убиен командантот Мохамед ал Баваба.

Според израелски и американски извори околу 200 припадници  со месеци беа заробени во тунелите под Рафа. Некои од нив загинаа во судирите со ИДФ, а другите се предадоа.

САД и другите посредници не успеаја да постигнат договор борците на Хамас да го положат оружјето и да се префрлат во другите делови на Појасот Газа. ми/ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан