• понеделник, 15 декември 2025

ЗКРСМ ги повика занаетчиите да аплицираат на повикот за субвенционирање на занаетчиите

ЗКРСМ ги повика занаетчиите да аплицираат на повикот за субвенционирање на занаетчиите

Куманово, 16 јули 2025 (МИА) - Занаетчиската комора денеска ги информираше занаетчиите дека е продолжен јавниот повик за субвенционирање на занаетчии на Министерството за економија. Од комората ги повикаа занаетчиите да го искористат продолжувањето на повикот, да аплицираат.

-Ги информираме сите заинтересирани дека јавниот повик за субвенционирање на занаетчии за 2025 година, објавен од Министерството за економија и труд на 5. јуни се продолжува до 15 август оваа година, наместо до 18 јули, како што првично беше најавено, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Дополнителните информации за продолжувањето ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд.

-Занаетчиите ќе имаат можност да набават нова опрема, да станат поконкурентни на пазарот, да придонесат во развој на локалните економии, изјави Фазлији. ам/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан