• сабота, 13 април 2024

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди југозападниот дел на Иран

Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди југозападниот дел на Иран

Техеран, 5 март 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди југозападната иранска провинција Систан-Балуџистан, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот бил на длабочина од 35 километри, соопшти USGS, додавајќи дека епицентарот бил на околу 66 километри северозападно од градот Фануј.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви, повредени или материјална штета. ссм/

фото: архива

Остани поврзан