• понеделник, 25 ноември 2024

Земјотрес од 5,2 степени во близина на првиот крак на Халкидики

Земјотрес од 5,2 степени во близина на првиот крак на Халкидики

Атина, 3 ноември 2024 (МИА) – Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер беше регистриран попладнево во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван и во Солун.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Нешто помлаку од четири минути по првиот, следеше и втор земјотрес со помала јачина, односно 4,3 степени. ср/ссм/

Остани поврзан