• среда, 20 ноември 2024

Земјоделците во Шпанија четврти ден ги блокираат патиштата со трактори

Земјоделците во Шпанија четврти ден ги блокираат патиштата со трактори

Мадрид, 9 февруари 2024 (МИА) - Земјоделците во Шпанија денеска протестираат четврти ден по ред поради еколошките мерки на Европската унија, зголемувањето на трошоците за производство и нелојалната конкуренција од земјите кои не се членки на ЕУ.

Од слични причини, земјоделците штрајкуваа во неколку земји од ЕУ во последните недели.

Протести денеска се одржаа во градовите

Според нив, политиката на Унијата насочена кон борба против климатските промени има лош ефект врз земјоделците бидејќи ги зголемува трошоците за производство и цените на нивните производи во споредба со производите кои се увезуваат од земји надвор од ЕУ.

Иако Европската комисија направи одредени отстапки во последните недели и го одложи стапувањето во сила на мерките за намалување на употребата на пестициди и други опасни материи, протестите се проширија.

Шпанските фармери, исто така, велат дека законот што треба да гарантира дека големите синџири ги купуваат нивните производи по правични цени не се спроведува.

Група земјоделци, која не е дел од ниту едно од трите здруженија кои организираат протести во Шпанија, ги повика на полноќ со трактори да одат во Мадрид, каде утре ќе се одржи протест пред седиштето на владејачката Социјалистичка партија.

Се очекува протестите да продолжат и во наредните денови, а за 21 февруари се најавени големи демонстрации во Мадрид.

Неколку шпански медиуми ги поврзаа протестите со конзервативните и екстремно десничарските групи.

Полицијата соопшти дека за време на демонстрациите оваа недела биле уапсени 20 лица. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан