• недела, 29 септември 2024

Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина

Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина

Киев, 25 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија.

-Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски народи. Дом во кој мора да биде мир!, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Членките на ЕУ го одобрија почетокот на пристапните преговори со Украина и Молдавија на 25 јуни и ја усвоија рамката за преговори. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан