• понеделник, 23 декември 2024

Здружението на приватни лекари на мирен протест против најавени санкции за лекарите за пропишување хронична терапија

Здружението на приватни лекари  на мирен протест против најавени  санкции за лекарите за пропишување хронична терапија

Велес, 29 мај 2024 (МИА) - ЗПЛРМ во Велес денеска од 12 до 12.30 часот, за време на паузата, приватните лекари од ординациите во Велес излегоа на мирен протест пред Фондот за здравство, да  искажат  револт против добиените мејлови за санкции против матичните лекари за пропишување хронична терапија, анксиолитици со  антибиотици.

Кратењето по лекар би било 1 до 2 отсто по доктор за тримесечие, информира за МИА д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на здружението.

Таа му порача на Управниот одбор на Фондот за здравство  итно да свика седница и оваа одлука да ја отповика. Според неа,  решението на проблемот е или буџетот да се зголеми соодветно на новите лекови кои ги симнаа на нивни  режим или да се  тргне буџетот и да се најде софтверско решение.

-Сето тоа затоа што во септември лани симнаа печат лек на наше ниво, а буџетот за пропишување на лекови не го променија.Затоа сметам дека сега Фондот за здравство и  неговиот Управен одбор треба да ни излезат во пресрет, затоа што докторите постојат за народот, а народот мора да се лекува соодветно за патологијата,а ние на ниеден хроничен пациент не можеме да му скратиме терапија, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа смета дека ова се некои застарени договори и итно треба и да се прави нов анекс и  воедно и да се разговара за покачување на бодот за каптација којшто со години не е покачен. ад

Фото: МИА 

Остани поврзан