За три дена 81 нов ковид-случај, нема починати
- Во последните три дена се регистрирани 81 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.972 тестови, покажаа податоците од Институтот за јавно здравје.
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) – Во последните три дена се регистрирани 81 нов случај на КОВИД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три Велес, по двајца од Куманово, Тетово и Струга, а по еден од Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево.
Од вкупниот број позитивни регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.972 тестови преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-25, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-36, Биотек-80, Систина-34, лабораторија Лаор-21, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-46, Генеа-33, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-9, Ели МедикаПлус-19, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.179.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147633, Активни 247
Куманово 16691, Активни 7
Битола 15739, Активни 22
Прилеп 14231, Активни 8
Тетово 13498, Активни 11
Кавадарци 10705, Активни 6
Велес 9805, Активни 4
Гостивар 9616, Активни 4
Охрид 8953, Активни 15
Штип 8087, Активни 4
Струмица 8084, Активни 5
Кичево 5658, Активни 4
Кочани 5103, Активни 3
Струга 4732, Активни 2
Гевгелија 4426, Активни 1
Неготино 3700, Активни 0
Ресен 2753, Активни 1
Свети Николе 2637, Активни 0
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 0
Делчево 1986, Активни 0
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1681, Активни 0
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1396, Активни 1
Пробиштип 1268, Активни 1
Богданци 1022, Активни 1
Кратово 966, Активни 0
Крушево 931, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0. свс/лв/