• петок, 22 ноември 2024

За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар

За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирале 215 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 27.05. до 02.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. дма/са/

Фото: ЈП ПОЦ

Остани поврзан