• петок, 22 ноември 2024

За седум дена санкционирани 196 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар 

За седум дена санкционирани 196 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар 

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 196 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ.

Во периодот од 1-ви до 7 јули со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 79 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 117 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. сст/ац/

фото ЈП ПОЦ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан