• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово

Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - МВР информира дека вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар - Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.

 З.С. управувал моторно возило „голф“, а дозволената брзина на авотатот е 80 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан