• понеделник, 23 декември 2024

За седум дена санкционирани се 135 непрописно паркирани возила во Општина Центар

За седум дена санкционирани се 135 непрописно паркирани возила во Општина Центар
Скопје, 18 мај 2021 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. - Во периодот од 10.05. до 16.05.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 83 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 52 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.фф/са/

Остани поврзан