• вторник, 25 јуни 2024

За една недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За една недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционирале 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 16.08. до 22.08.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 93 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. аа/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан