• вторник, 25 јуни 2024

Премиерата на документарниот филм „Се извинувам Кежаровски тука живее?“ одложена за септември

Премиерата на документарниот филм „Се извинувам Кежаровски тука живее?“ одложена за септември

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Премиерата на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ кој требаше да се одржи денеска во 19 часот во киното „Фросина“ во Младински културен центар, поради технички причини, се одложува за септември, соопштија организаторите.

Автор на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ е Миле Бошњаковски. Во видео записот во два дела во вкупно времетраење од педесет минути, се содржани директното сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото приведување, судскиот процес и затворска казна. Во филмот покрај сведоштвото на новинарот Кежаровски, како што наведува авторот, се вклучени и настаните кои му претходат на неговото приведување односно како тој работи чувствителни истражувачки новинарски теми кои се индиректен (директен) поттик за настаните кои следат, за „желбата“ на Обвинителката Лиле Стефанова за Кежаровски да и „пее“ и го менуваат животот на семејството Кежаровски.

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно пет години по заокружување на „Случајот Ореше - новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“, а во филмот ќе бидат прикажани и моменти од настаните за случајот „Ореше“ за прв пат на јавноста.са/

Фото: принтскрин 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан