• вторник, 25 јуни 2024

Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета

Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Ситуацијата по завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализирана, соопшти ЦУК.

Речиси 99% од повиците на 112, во текот на последното деноноќие биле барање да се направи записник за претрпена материјална штета, што се трансферираат до надлежните во општините, а потоа до владина комисија за понатамошна постапка.

ЦУК информира и за пет пожари на отворено и за неколку помали интервенции на пожарникарите во последното деноноќие. Сите пожари се изгасени.

Пожари имало во Долнени - помеѓу селата Лажани и Кошино (горела ниска вегетација нискостеблеста шума), во Босилово - с.Старо Балдовци (грмушки), во Ново Село кај место викано „Хаџиица“ (букова шума млада јасикова шума, ниска вегетација и папрат), во Куманово кај место викано „Љикшичка“ (ѓубре) и во Велес кај резервоарот за вода на ЈП „Дервен“ кај месноста „Поток“ (горела ниска вегетација).са/

Фото: ЦУК

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан