• четврток, 25 април 2024

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан