• сабота, 21 декември 2024

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар на грчка страна, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар на грчка страна, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Гевгелија, 17 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

Според извори на МИА од Гевгелија, пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција. 

На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат. рт/ев/

Фото: Принт скрин ФБ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан