• понеделник, 20 мај 2024

Замениците министри за локална самоуправа на Северна Македонија и за регионален развој на Бугарија во посета на Струмица

Замениците министри за локална самоуправа на Северна Македонија и за регионален развој на Бугарија во посета на Струмица
Струмица, 28 септември 2021 (МИА) - Функционирањето на локалната самоуправа и новите предизвици во прекуграничната соработка како и позитивните практики во функционирањето на локалната власт во Северна Македонија и Бугарија, беа тема на разговор на денешната средба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски со заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски и бугарскиот заменик министер за регионален развој и јавни работи Захари Христов. Како што информираше градоначалникот Јаневски, на средбата, посебно била потенцирана прекуграничната соработка меѓу двете земји која досега успешно се спроведувала со искористување на средства од европските фондови и од која во пограничните општини се реализирани повеќе проекти. На средбата била потврдена и заедничката заложба за проширување на соработката на локално ниво, во интерес на граѓаните од двете држави. рт/ар/

Остани поврзан