• понеделник, 01 јули 2024

Александар Сотировски викендов учествуваше на  Стрип фестивалот „Гран ФЕСТ“ во Приштина

Александар Сотировски викендов учествуваше на  Стрип фестивалот „Гран ФЕСТ“ во Приштина

Велес, 20 мај 2024 (МИА) - Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски изминатиов викенд  учествуваше на  традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ“ кој се одржа во Приштина, во Националната библиотека на Косово.

Како што информира Томе Трајков од Стрип Центарот на Македонија-Велес, Сотировски кој живее и твори во Скопје  во почетокот на својата кариера паралелно работел како илустратор и дизајнер во многу рекламни агенции на Балканот (повеќе од 18 години), сè до 2004 година, кога одлучил да се фокусира само на цртање. Во својата 35-годинишна кариера, тој е многу горд што всушност го живее својот сон - илустрирал стотици книги и графички романи, за огромен број клиенти ширум светот и сè уште работи со истиот ентузијазам како и првиот ден.

Инаку „ГРАН ФЕСТ“се организира под идеја и реализација на Гани Јакупи, стрип автор којшто живее на релација Косово-Шпанија. Фестивалот оваа година се организира по четврти пат и во Косово и  е единствен специјализиран стрип фестивал. Како што појасни Трајков од СЦМ-Велес, организаторот традиционално се погрижил да обезбеди реномирани светски стрип имиња со коишто воедно е и пријател и со кои и соработува.

-Вреди да се истакне дека соработката на Гани Јакупи со македонската стрип сцена е започната преку дејноста на Стрип центарот од Велес. Така тој учествува со свое стрип дело во проектот „Нови Балкански пријателства 2024“, финансиран од Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ од Холандија, во 2019 е објавен превод на неговата стрип книга „ХАВАНА- .САД“ и , конечно, 2021 година е учесник во тродневниот настан во Велес , како дел од тригодишниот проект „CAN FOR BALKANS” финансиран од програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА, информира Трајков. ад/дма/

 
 Фото: Стрип Центар на Македонија Велес

Остани поврзан