• вторник, 02 јули 2024

Министерот за европски прашања Муртезани на средба со евроамбасадорот Гир

Министерот за европски прашања Муртезани на средба со евроамбасадорот Гир

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, денеска во просториите на Министерството за европски прашања ќе одржат протоколарна средба.

По средбата најавена е заедничка прес-конференција.

Со усвојувањето на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа, поранешниот Секретаријат за европски прашања прерасна во Министерство за европски прашања кое ќе ја координира и усогласува работата на органите на државната управа и другите органи и институции за членство во Европската унија, а ќе ги координира и работите за преговори за членство во ЕУ. вг/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан