• четврток, 04 јули 2024

Заменик министерот Буши на годишната министерска конференција во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог

Заменик министерот Буши на годишната министерска конференција во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог
20 септември 2022 „Еден од главните предуслови за ефикасно управување со границите и со миграциите е ефикасна регионална, но и меѓународна соработка, па меѓу нашите главни приоритети е нивното одржување и продлабочување, и тоа пред се, со земјите од регионот, со земјите на транзит, на потекло, со агенциите на Европската Унија, во прв ред Фронтекс – Европска агенција за гранична служба и крајбрежна стража, Европол, ЕАСО, со Обединетите Нации, односно Меѓународната организација за миграција, УНХЦР, како и релевантни меѓународни организации - ОБСЕ, ИЦМПД, ДКАФ, и други“. Ова меѓу другото го истакна заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши на годишната министерска конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од западниот Балкан и ЕУ, што во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог, од 20 до 21 септември се одржува во Сараево. На конференцијата на која што присуствуваат и претставници од повеќе меѓународни асоцијации и организации како и претставници на Европската комисија, и која што е посветена на многуте аспекти на проблематиката со илагалната миграција, заменик минстерот Буши потенцираше дека Република Северна Македонија активно учествува во бројните меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, како Салцбуршкиот форум, Будимпештанскиот процес, Прашкиот процес, Заедничката координативна платформа, Програмата за гранична безбедност на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ). Притоа нагласувајќи дека со оглед на случувањата на тнр. „западно-балканска рута„ во последните години, најинтензивна е соработката со земјите кои се дел од неа или пак се во нејзина непосредна близина, при што од особено значење се заедничките и координирани операции спроведени во поддршка од страна на некои од веќе споменатите организации. “Еден од главните предуслови за ефикасно управување со нелегалната миграција и миграцијата воопшто е зајакнувањето на прекуграничната соработка, мислејќи пред се на постоење ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло. Политиките за реадмисија и механизмите за враќање се од посебно значење за успешно управување со миграцијата, но истовремено се области каде што се соочуваме со сериозни предизвици, особено во делот на неможноста ефикасно да се вратат дел од нелегалните мигранти во нивните земји на потекло“, потенцираше заменик министерот Буши. Инаку, главниот тематски фокус на годинашнава министерска конференција на Вториот сараевски миграциски дијалог се прашањата за враќање и реадмисија во земјите на потекло, со цел да помогне во стимулирање на дијалогот меѓу регионалните власти, ЕУ, Западен Балкан и земјите на потекло во дефинирањето на најдобрите модалитети за справување  со овие прашања. Односно обезбедување на форум за зајакнување на соработката и механизмите за координација помеѓу миграциските власти од ЕУ и регионот, во насока на олеснување на размената на информации и искуства клучни за ефективно управување со миграцијата и за идентификација на најдобрите партнерски модалитети во иднина. Министерство за внатрешни работи ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан