• петок, 22 ноември 2024

Средба на Муцунски со полскиот амбасадор Гжелчик

Средба на Муцунски со полскиот амбасадор Гжелчик

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил проштална средба со амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик.

На средбата, како што соопшти МНР, министерот Муцунски се заблагодарил за целокупниот ангажман и активен придонес во насока на јакнење на односите меѓу двете земји. Воедно, ја истакнал важноста што земјава ја дава во развивањето и негувањето на севкупните односи и соработка со Полска, кои се потпираат на длабоко пријателство и споделени вредности.

Министерот се заблагодарил за принципиелната и силна полска поддршка на интеграцијата на земјава во ЕУ, како на билатерално ниво, така и преку Вишеградската група и ја нагласил посветеноста на новата Влада за продолжување на европскиот пат преку исполнување активна агенда на реформи на домашен план и одговорно дејствување на меѓународен план.

- Двете страни, како сојузници во рамки на НАТО Алијансата ја нагласија одличната по однос сите клучни теми, притоа беше потврдена подготвеноста за натамошна координација и соработка во контекст на претстојниот јубилеен Самит на НАТО во Вашингтон, стои во соопштението.

Министерот го запознал амбасадорот со приоритетите на новата Влада, со фокус на интерес на земјава за продлабочување на економската соработка и привлекувањето нови полски инвестиции. нд/бак/

Фото: МНР

Остани поврзан