• среда, 03 јули 2024

Загина грузиски воен пилот за време на тренажен лет

Загина грузиски воен пилот за време на тренажен лет

Тбилиси, 2 јули 2024 (МИА) – Пилот на грузиски авион ловец Су-25 денеска загина откако авионот се урна за време на тренажен лет, соопшти Министерството за одбрана на Грузија.

Во соопштението се додава дека е почната истрага за утврдување на причините за инцидентот.

Сухои 25 е авион со едно седиште од советската ера, развиен во 70-тите години за копнени напади и мисии за воздушна поддршка. Грузија на крајот од ноември 2023 година имала пет Су-25 и уште два приземјени и нефункционални борбени авиони. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан