• понеделник, 23 декември 2024

Лајчак за трипартитната средба: Се договоривме за низа следни чекори

Лајчак за трипартитната средба: Се договоривме за низа следни чекори

Белград, 2 јули 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вечерва соопшти дека на трипартитната средба на делегациите на Белград предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, Приштина предводена од Бесник Бисљими и делегацијата на Европската Унија се разговарало за голем број теми и дека страните постигнале договори за „многубројни следни чекори“, јави дописникот на МИА од Белград.

-По повеќе од седум часа завршија средбите со главните преговарачи. Разговаравме на различни теми со Бесник Бисљими и Петар Петковиќ и договоривме бројни следни чекори, напиша Мирослав Лајчак на мрежата Х . об/сд/

Остани поврзан