• понеделник, 20 мај 2024

Завршниот ВТА турнир годинава може да се одржи во Саудиска Арабија

Завршниот ВТА турнир годинава може да се одржи во Саудиска Арабија

Париз, 23 август 2023 (МИА) - Следната недела Женската тениска асоцијација ќе објави дека завршниот турнир за 2023 година ќе се одржи во Саудиска Арабија.

 

Оваа информација ја објави Крег Шапиро. Според него WTA Finals-2023 ќе се одржи во Ријад.

 

Исто така, претставници на Саудиска Арабија сакаат да ја купат лиценцата за домаќин на АТП турнирот, кој сега е во сопственост на Њупорт. После тоа, претседателот на Асоцијацијата на професионални тенисери, Андреа Гауденци, ќе го презакаже турнирот АТП 250 на попогоден датум од календарот.

 

Финалето на ВТА 2022 година се одржа во Форт Ворт, Тексас. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан