• понеделник, 23 декември 2024

Заврши шестата Меѓународна ликовна колонија „Трпејца 2023“’

Заврши шестата Меѓународна ликовна колонија „Трпејца 2023“’

Охрид, 11 септември 2023 (МИА) - По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“. 

На колонијата твореа уметниците Наташа Попоска – Карче, Ѓоко Симјаноски, Елена Ѓурѓиноска, Хава Реџепи и браќата Петрит и Кастриот Лараку од соседен Поградец, а свој придонес со една своја изработка и неколку карактеристични минијатури даде и канадскиот уметник со македонски корени, Мајкл Клос. 

Главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица. 

Изминатите шест години на Колонијата се изработени стотина уметнички дела во разни техники, од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“. 

Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид, а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело. аб/дма/

 

 

Остани поврзан