• петок, 22 ноември 2024

Заврши изградбата на крак од улицата ,,Кеј на Брегалница“ во Делчево

Заврши изградбата на крак од улицата ,,Кеј на Брегалница“ во Делчево
Делчево, 27 јули 2022 (МИА) - Заврши целосната изградба на крак од улицата ,,Кеј на Брегалница“ во Делчево. Изградбата на оваа улица, како што информираа од Општината, е дел од инфраструктурниот пакет за изградба на улици финансиран од Буџетот на Општина Делчево во износ од 12 милиони денари. - Со ставање асфалт на оваа улица се стави и крај на долгогодишните проблеми на жителите кои досега, за да стигнат до своите домови чекореа по земја и кал, истакнаа од Општината. Во рамките на овој пакет инфраструктурни проекти, оттаму веќе за утре најавија асфалтирање на улицата „Грозданец“. - Се работи за изградба на улица во населбата Стар Расадник во должина од 200 метри. Во првата фаза од реализацијата на овој проект ќе се работи и на изградба на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ и потпорен ѕид на улица „Острец“ во должина од 33 метри, а започнати се работите и за изградба на две улици во населба Басарица со вкупна должина од околу 100 метри, додадоа од Општината. Изведувач на работите за изградба на општински улици е ОСД „Кирил“ од Скопје. вс/сх/

Остани поврзан