• четврток, 21 ноември 2024

Завршените средошколци од Центар Жупа државната матура ќе ја полагаат во гимназијата во Дебар

Завршените средошколци од Центар Жупа државната матура ќе ја полагаат во гимназијата во Дебар

Дебар, 30 мај 2024 (МИА) - Завршените средношколци од гимназијата „АТА“ од Центар Жупа државната матура ќе ја полагаат во просториите на дебарската гимназија „28 Ноември“ бидејќи ова училиште  не располага со соодветен простор. 

-Оваа учебна година средното образование во нашата гимназија го завршуваат 15 ученици - од нив еден на  настава на македонски и 14 на турски наставен јазик. Од сите нив, 11 ќе полагаат државна додека четворица училишна матура. Бидејќи не располагаме со простор, како што е предвидено од МОН, нашите ученици матурата ќе ја полагаат во гимназијата во Дебар, рече за МИА Сабри Асан, директор на гимназијата „АТА“.

Според Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија, 15-те матуранти од Центар Жупа ќе полагаат заедно со 139 -те дебарски матуранти. Полагањето ќе биде во спортската сала, која се наоѓа во кругот на гимназијата.

- Во нашата образовна институција имаме 139 матуранти. Гледано одделно, на македонски наставен јазик се 37 -  од нив 10 во подрачната паралелка во селото Могорче, и 102 на албански наставен јазик. Од сите нив, 127 ќе полагаат државна, додека 12 училиштна матура. Бидејќи располагаме со потребните услови, матурскиот испит тие ќе го полагаат заедно со нивните врници од Центар Жупа, додаде Имери за МИА.

Оваа сабота матурантите ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура - мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски јазик и литература) додека вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. вт/хс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан