• петок, 22 ноември 2024

Жота: Реал ќе биде сериозен тест за Ливерпул

Жота: Реал ќе биде сериозен тест за Ливерпул
Мадрид, 6 април 2021 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота ги сподели своите очекувања за натпреварот против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. - Овој натпревар ќе биде сериозен тест, мора да бидеме подготвени за ова. Противникот игра на таков начин што треба многу да трчате и да се борите. Реал Мадрид го држи рекордот за најмногу трофеи во Лигата на шампионите. Тие се навикнати на плејоф натпревари и ќе треба да го покажеме нашиот најдобар фудбал. Како ќе игра Реал е многу важно. Јасно е дека нашиот тренер најверојатно ќе ја погоди тактиката на противникот, но никогаш не можете да бидете целосно сигурни. Потребно е правилно да се подготвиме да се знаат нивните комбинации. Она што треба да направите е да ја покажете вашата најдобра игра и да разберете како Реал Мадрид ќе игра со тројца или четворица дефанзивци, нагласи Жота. Натпреварот Реал – Ливерпул се игра вечер во Мадрид со почеток во 21 часот. зс/

Остани поврзан