• сабота, 25 јули 2026

Жителка на Демир Капија обвинета дека го натерала малолетниот син да одземе околу 17.300 евра од поранешниот свекор

Жителка на Демир Капија обвинета дека го натерала малолетниот син да одземе околу 17.300 евра од поранешниот свекор

Демир Капија, 23 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино синоќа во 19:15 часот лишиле од слобода 36-годишна жена од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор, дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот - појаснија оттаму.

Таа била задржана во полициска станица. По целосно документирање на настанот, како што додадоа од СВР - Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/вј/

Фото: МИА архива