• сабота, 25 јули 2026

Претрес во Скопје, лишени од слобода две лица, пронајдени пет килограми марихуана

Претрес во Скопје, лишени од слобода две лица, пронајдени пет килограми марихуана

Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - Пет килограм марихуана се пронајдени денеска при претрес на дом во Скопје, а две лица се лишени од слобода, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска по наредба од Основен кривичен суд Скопје извршиле претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје.

При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, додаваат од МВР. ац/са/