Приведен 42-годишен велешанец, со стаклен предмет ја нападнал неговата мајка
- Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:30 часот го лишиле од слобода 42 годишниот Д.Ш. од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет.
Велес, 23 јули 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:30 часот го лишиле од слобода 42 годишниот Д.Ш. од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет.
Како што информираа денеска од СВР Велес, Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. ад/вг/
Фото: МИА Архива