• понеделник, 04 ноември 2024

ЕХФ додели признанија на РФМ за беспрекорната организација Европското првенство

ЕХФ додели признанија на РФМ за беспрекорната организација Европското првенство
Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) вчеравечер на последниот ден натпреварите во Скопје додели специјални признанија на Ракометната федерација на Македонија  за беспрекорната организација на женското Европско првенство. - Оваа наградата се доделува на локалниот организациски комитет во Скопје, како признание за напорната работа на волонтерите и на целокупниот персонал во градот, за успешното Европско Првенство, објавија од ЕХФ. Наградата за локална организација на шампионатот му беше врачена на генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски од претставниците на ЕХФ Габриела Хорват и Божидар Ѓурковиќ како претставници на ЕХФ. Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов од Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслајтнер ја доби награда наменета за Централниот организациски комитет на федерацијата. Индивидуални награди за својот придонес во целокупниот организациски процес им беа доделени на Јовица Крстаноски, Милан Тодевски, Никола Ѓоргиевски и на Камер Металари. зс/

Остани поврзан