• сабота, 29 јуни 2024

ЕУ ја обвини Астра Зенека за бавната имунизација

ЕУ ја обвини Астра Зенека за бавната имунизација
Брисел, 6 април 2021 (МИА) - Европската Унија ја обвини фармацевтската компанија Астра Зенека за бавната кампања за имунизација, откако 27-те земји-членки не успеаја да ја постигнат поставената цел за вакцинирање на 80 проценти од постарите лица до крајот на март. Еврокомесарот задолжен за снабдување и дистрибуција на вакцини Тиери Бретон изјави дека британско-шведската компанија е виновна за тешкиот и бавен почеток на кампањата за имунизација против Ковид-19. - Да добиевме 100 отсто од вакцините Астра Зенека за кои се договоривме, ЕУ денес ќе беше на исто ниво со Велика Британија во однос на вакцините. Значи, можам да кажам дека турбуленциите што ги доживуваме се должат само на неуспехот на Астра Зенека да ги испорача вакцините, истакна Бретон за францускиот весник Паризиен. Тој додаде дека Астра Зенека испорачала само една-четвртина од нарачаните дози вакцини. - Британците ги добија сите дози, иако нашиот договор беше потпишан пред нивниот, во август 2020 година, посочи Бретон. ми/

Остани поврзан