• недела, 22 декември 2024

Ердоган: Турција ќе го поддржи Либан со сите свои средства против нападот на Израел

Ердоган: Турција ќе го поддржи Либан со сите свои средства против нападот на Израел

Анкара, 1 октомври 2024 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе застане на страна на Либан и ќе ја поддржи земјата со сите нејзини средства, откако Израел изврши напади врз Либан.

„Никогаш нема да ги оставиме нашите браќа од Либан во овие тешки денови и ќе ги поддржиме со сите наши средства“, рече Ердоган.

Ердоган минатата недела ги осуди неодамнешните напади на Израел во Либан и ги нарече израелска политика на „геноцид, окупација и инвазија“, а истовремено го повика Советот за безбедност на Обединетите нации и другите организации да ја запрат еврејската држава. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан