• вторник, 03 декември 2024

ЕМА го одобри дексаметазонот за лекување на Ковид-19

ЕМА го одобри дексаметазонот за лекување на Ковид-19
Брисел, 19 септември 2020 (МИА) - Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19  кои имаат проблеми со дишењето. Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор. Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја намалува за една третина смртноста кај пациентите во тешка здраствена состојба. Дексаметазонот веќе е одобрен во Јапонија за лекување на заразените со Ковид-19. Лекот веќе со децении се користи за лекувања на разнио воспаленија. ми/

Остани поврзан