Калас, по средбата со Вучиќ и Курти, ја поздрави подготвеноста за соработка во врска со нападот на каналот Ибар-Лепенец
- „Денеска се сретнав со Вучиќ и Курти. Единствениот пат за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор. Ја поздравив подготвеноста за целосна соработка по неодамнешниот терористички напад. Извршителите мора да се соочат со правдата“, напиша Калас
Брисел, 3 декември 2024 (МИА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас денеска, по одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со косовскиот премиер Албин Курти, во Брисел, соопшти дека ја поздравила подготвеноста за целосна соработка во откривањето на сторителите на, како што рече, терористичкиот напад, во кој беше оштетен каналот Ибар-Лепенец, во близина на Зубин Поток, во Косово.
Во објава на социјалната мрежа Х, Калас нагласи дека извршителите на нападот мора да се соочат со правдата.
„Денеска се сретнав со Вучиќ и Курти. Единствениот пат за членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на Охридскиот договор. Ја поздравив подготвеноста за целосна соработка по неодамнешниот терористички напад. Извршителите мора да се соочат со правдата“, напиша Калас. сд/