• среда, 04 декември 2024

Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска

Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска

Тел Авив, 3 декември 2024 (МИА) - Во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина Дамаск денеска е убиен Салман Џума, висок припадник на Хезболах одговорен за врска со сириската армија.

Според Израелските одбранбени сили (ИДФ) Салман Немер Џама бил во Сирија и работел како претставник на Хезболах во сириските вооружени сили.

Израел ја обвини Сирија дека ги зајакнува силите на Хезболах, дозволувајќи и на милитантната група со седиште во Либан да шверцува оружје низ земјата.

Хезболах во текот на годините се бореше на теренот во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.

ИДФ соопшти дека Џама е убиен во нападот. Хезболах јавно не ја потврди неговата смрт. ссм/

фото: архива

Остани поврзан