• петок, 02 август 2024

ЕК: Стапи на сила европскиот закон за вештачка интелигенција

ЕК: Стапи на сила европскиот закон за вештачка интелигенција

Брисел, 1 август 2024 (МИА) - Европскиот закон за вештачка интелигенција, првата сеопфатна регулатива во светот за вештачка интелигенција, стапи на сила денеска. Според соопштението на Европската комисија, Законот за вештачка интелигенција е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е доверлива и дека се воспоставени мерки за заштита на основните права на луѓето.

Целта на регулативата е да се воспостави хармонизиран внатрешен пазар за вештачка интелигенција во ЕУ, да се поттикне воведувањето на оваа технологија и да се создаде поволна средина за иновации и инвестиции. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан