• петок, 17 мај 2024

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција 

ЕК бара информации од Икс за ризикот од користење на вештачката интелигенција 

Брисел, 9 мај 2024 (МИА) - Европската комисија испрати барање до платформата Икс за повеќе детали за нејзините активности и ресурси за проценката на ризикот од користењето на генеративните алатки на вештачката интелигенција во ЕУ. 

Со документот, доставен врз основа на Законот за дигитални услуги, ЕК бара од Икс да обезбеди детални информации и внатрешни документи за проценките на ризикот и мерките за ублажување поврзани со влијанието на генеративните алатки на вештачка интелигенција врз изборните процеси, ширењето на илегална содржина и заштита на основните права, особено по информациите дека јазичното покривање на платформата во рамките на Европската Унија е намалено од 11 на седум јазици.  

Еврокомисијата лани во декември започна формална постапка против Икс со цел да процени дали платформата можеби го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со управувањето со ризици, умереноста на содржината, транспарентноста на рекламирањето и пристапот до податоците. 

Новото барање претставува дополнителен чекор во тековната истрага и се надоврзува на досега собраните докази и анализи, пред се врска со Извештајот за транспарентност на Икс објавен во март годинава, кој се однесуваа на мерките за ублажување на ризиците поврзани со генеративната вештачка интелигенција. 

Икс мора да ги достави бараните информации поврзани со нејзините ресурси за проценката на ризикот најдоцна до 17 мај, а за останатите прашања до 27 мај.  

Согласно член 74 став 2 од Законот за дигитални услуги, Комисијата може да изрече казни за неточни, нецелосни или погрешни информации, како одговор на нејзино барање за информации. Во случај на недавање одговор до крајниот рок, ЕК може да изрече периодични казни. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан