• понеделник, 25 ноември 2024

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Хаг, 17 мај 2024 (МИА) – Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа.

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата.

Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан