• четврток, 20 јуни 2024

Економијата продолжува да расте и покрај политичката нестабилност, изјави Мила Ненова, извршен директор на Бугарската агенција за инвестиции

Економијата продолжува да расте и покрај политичката нестабилност, изјави Мила Ненова, извршен директор на Бугарската агенција за инвестиции

Софија, 11 јуни 2024 (МИА/БТА) - И покрај политичката нестабилност, економијата продолжува да расте. Ова го изјави извршната директорка на Бугарската агенција за инвестиции (БАИ), Мила Ненова, на отворањето на тридневниот автомобилски форум Бугарија 2024, што се одржува на иновативниот форум „Џон Атанасов“ во Софискиот Технички парк.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Според Ненова, Бугарија е претпочитана земја за истражувачки и развојни активности.

-Имаме талентирани луѓе, многу добри инженери и обучен кадар, рече таа, додавајќи дека Бугарија е стабилна економска земја, со постојан раст на БДП во изминатите 15 години, со исклучок на само две.

Ненова посочи дека растат странските инвестиции, државниот долг останува низок, а деловните инвеститори бараат стабилност на економијата.

Според неа, квалитетот на животот во Бугарија е доста добар.

-Странските компании кои инвестираа во нашата земја во последните десет години создаваат економски раст и тие се амбасадори на Бугарија, бидејќи кога една компанија инвестира овде, ги убедува и партнерите да инвестираат, истакна Ненова.

Таа посочи дека нашата земја во моментов е многу добро место за инвестиции, а тоа се должи и на нашата стратешка географска положба во време на војни во различни делови на светот.

-Ситуацијата е се уште тензична и по кризата со Ковид и важно е да се зачуваат патиштата за снабдување. Сега е време Бугарија да привлече нови инвестиции, бидејќи ние како релативно нова членка на ЕУ сме атрактивна дестинација, даваме различни гаранции за безбедност и раст. Сè што се произведува во Бугарија е означено како произведено во ЕУ и тоа дава пристап до европскиот и светскиот пазар, истакна таа.

Главните моменти на форумот што го отвори Ненова се откритијата и развојот на технологиите за батерии, автоматизацијата во фабриката на иднината, транзицијата кон електрична и автономна мобилност, вештачката интелигенција за интелигентна мобилност, софтверски дефинирани возила.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

фото: БТА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан