• вторник, 01 октомври 2024

Еколошко друштво Вила Зора ja направи платформата за млади во Велес „Зелени – Можности“ 

Еколошко друштво Вила Зора ja направи платформата за млади во Велес „Зелени – Можности“ 

Велес, 22 март 2024 (МИА) - Еколошко друштво Вила Зора ja направи платформата за млади во Велес „Зелени – Можности“ . Главна цел на платформата е подобрување на учеството и комуникацијата помеѓу младината и локалните власти во заедницата. Со креирањето на дигиталната платформа на иновативен начин ги стимулираме младите да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, искажувајќи ги своите идеи и мислења со што ќе се подобри младинскиот дијалог. Платформата е дел од проектот „Слушај и дејствувај Младинска Платформа за дијалог“ финансиран од Национален младински совет на Македонија, информира за МИА, Сашка Коцевска од ЕД „Вила Зора “ од Велес, а платформата  младите можат да ја најдат на  www.zeleni-moznosti.mk

Таа појаснува дека со достапноста на платформата исто така ќе ги вклучиме и младите од руралните средини.

-Оваа група ќе  вклучува млади од различни етнички, социо-економски и културни контексти. Преку нашиот проект, ние ги вовлекуваме во дијалог и обезбедуваме платформа каде што можат да споделуваат свои идеи и предлози. Нивната активна улога во дијалогот им овозможува да ги изразат своите потреби и прашања, информира Коцевска.

Воедно појаснува дека  развивањето на дигиталната платформа ќе обезбеди младите со едноставен и достапен начин за споделување на своите идеи и предлози, со вградени механизми за коментари и обратна врска, да го олесни дијалогот помеѓу младината и локалните власти.

Коцевска додава дека проблемот кој треба да се адресира со помош на овој проект е недостатокот на активно учество и комуникација помеѓу младината и локалните власти во нашата заедница. Младите лица често се соочуваат со предизвици и потреби кои не се адекватно разгледани во процесите на креирање на политики и одлуки, што резултира во недоволно задоволување на нивните потреби и недостиг на одговорност на локалните власти кон младината.

-Овој проблем е конкретизиран во недостатокот на активен дијалог и механизми за учество на младината во формулирањето на политики и програми. Младите лица се чувствуваат изолирани и недоволно слушани, што го подразбира нивното право за изразување на мислење и учество во одлуките што ги засегаат, појаснува Коцевска.

Очекуваните резултати од проектот, како што појасни, се подобрување на младинскиот дијалог, зголемување на учеството на младите во локалната управа, засилување на свеста за младинските потреби, и подобрување на квалитетот на младинските сервиси.

Воедно информира дека количествените податоци за бројот на лица што ќе бидат директно вклучени во активностите на проектот зависат од интересот на младите.

-Ние  очекуваме значителен број на млади граѓани да учествуваат на платформата. Конечните корисници на проектот се самиот млади граѓани, како и целокупната заедница која ќе има полза од подобреното младинска учество и сервиси, вели Коцевска.  ад/дма/

Фото: Фејсбук на еколошко друштво Вила зора

Остани поврзан