• сабота, 18 мај 2024

Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина

Една година од војната во Судан која е во сенка на судирите во Газа и Украина

Картум, 12 април 2024 (МИА) – Војната во Судан почна пред една година, а според Обединетите нации, оттогаш околу девет милиони луѓе се внатрешно раселени, додека околу еден милион луѓе ја напуштиле земјата.

Илјадници луѓе се убиени во војната која е во сенка на конфликтите во Газа и Украина.

Обединетите нации побараа 2,7 милијарди долари за финансирање на хуманитарните потреби, но добија 155 милиони долари, што е само шест отсто од бараната сума.

Суданската армија, предводена од генералот Абдел Фатах Бурхан, се бори против паравоените сили за брза поддршка, со кои командува генералот Мохамед Хамдан Дагало.

Обединетите нации предупредија дека војната ќе остави последици за идните генерации.

Се проценува дека три милиони судански деца се неухранети, а околу 19 милиони деца не одат на училиште. Една четвртина од болниците во Судан повеќе не функционираат.

Хуманитарните организации тврдат дека во конфликтот најмногу страдаат жените и децата. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан