• понеделник, 23 декември 2024

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

Вашингтон, 18 мај 2024 (МИА) – Владата на САД ги предупреди американските државјани да бидат внимателни поради евентуални терористички напади врз претставниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.

- Поради потенцијалниот ризик од терористички напади, демонстрации или акти на насилство против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги предупредува своите граѓани во странство да покажат зголемена будност, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека постои потенцијален ризик од насилство врз ЛГБТ заедницата инспирирано од странски терористички организации.

- Американските граѓани треба да бидат внимателни за време на маршевите на ЛГБТ заедницата, наведува Стејт департманот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан