• понеделник, 01 јули 2024

ЕВРО 2020: Погба на прес-конференција по победата над Германија отстрани шише пиво од масата (видео)

ЕВРО 2020: Погба на прес-конференција по победата над Германија отстрани шише пиво од масата (видео)
Минхен, 16 јуни 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0). Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.

За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол. Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода. зс/

Тагови

Остани поврзан