• недела, 22 декември 2024

Сабаленка се повлече од Вимблдон

Сабаленка се повлече од Вимблдон

Лондон, 1 јули 2024 (МИА) - Третата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе го пропушти Вимблдон поради повреда на рамото.

Белорусинката предвреме го заврши денешниот тренинг и се повлече од Грен слемот во Лондон.

- Срцето ми е скршено што треба да кажам дека нема да можам да играм на Вимблдон оваа година. Пробав сѐ за да се подготвам, но за жал моето рамо не може да се справи. Дадов сѐ од себе на денешниот тренинг, но тимот објасни дека играњето само ќе ги влоши работите. Овој турнир ми значи многу и ветувам дека следната година ќе се вратам посилна од кога било, објави Сабаленка.

Во главната ждрепка нејзинот место ќе го пополни „среќната губитничка“ Русинката Ерика Андреева. Таа ќе игра со Емина Бекташ. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан