• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Флик: Најважно е дека сме во полуфинале во Лигата на шампиони

Флик: Најважно е дека сме во полуфинале во Лигата на шампиони

 

Барселона, 16 април 2025 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изјави дека неговиот тим постигнал голем успех со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони, додавајќи оти неговите играчи, и покрај вчерашниот пораз од Борусија Дортмунд во четвртфиналниот реванш, играат брилијантно досега во тековната сезона.

„Отидовме понатаму и тоа беше нашата цел. Фантастично е клубот да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампиони. Тоа е голем успех и ние сме многу среќни поради тоа. Игравме против одлична екипа каква што е Борусија Дортмунд, која ни го направи животот многу тежок. Единствено важно е што сме во полуфиналето“, посочи Флик.

Барселона се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа што во изминатата вечер загуби од Борусија Дортмунд со 1:3 во реваншот од четвртфиналето.

Шпанскиот клуб победи со 4:0 во првиот меч од двомечот на домашен терен и го елиминираше бундеслигашот со вкупен резултат 5:3.

„Мораме да гледаме на позитивните работи, а не на негативните. Имаме одличен тим кој игра брилијантно досега и тоа е она што е важно“, додаде Флик. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан